КОФЕИН-пијалок без кој многу не можат

Clay coffee cup and alarm clock. Coffee time
Драги мои, оваа тема навистина ми беше тешко да ја отворам, веројатно ќе ме мразите бидејќи оваа тема е сензитивна кај нас во Македонија. Ние без кафе не го почнуваме денот, некои редовно пијат по 3, 4, и 5 кафиња дневно. Не може животот да се движи во правилна насока доколку не се седне во кафуле, ресторан со пријатели, колеги, роднини, деловни контакти итн. Едноставно, е дел од нашето секојдневие. Не сакам да ви кажам дека не смеете да пиете кафе, но сакам да споделам со вас интересни информации и најнови истражувања кои се направени, воедно сето ми се докажало и во праксата.Навистина треба да бидете информирани за да продолжите квалитетно и правилно да го користите моментот на уживањето во пиење кафе, притоа да нема последици во вашиот Организам.
Кофеинот кој се наоѓа во кафето, во газирани пијалоци, во црн и зелен чај,чоколади, какао, и безалкохолни пијалоци предизвикува зависност кај оние кој ги конзумираат. Внесот на кофеин скоро веднаш влегува во крвотокот,после половина час веќе потполно нашето тело го превзема. И што потоа?
Еве го сценариото:
Во мозокот се наоѓа едно соединение аденосин, кофеинот тоа го блокира. Што е аденосин? Соединение кое има смирувачко дејство(ги забавува клетките на мозокот, и не води до сон) и со тоа кофеинот го држи телото во будна состојба бидејќи го блокира аденосинот. Вас не ви се спие. Сега веќе креирате навика, и нормално барате втора доза. Во растојание од неколку часа,- голема количина на кофеин го труе вашиот организам (околу 15 грама)
1 шолја кафе има околу 100 мг кофеин, шолја црн чај има околу 50мг.
Кај некои, после повеќе шолји кафе се случува вознемиреност, срцебиење и слично. Кај луѓе зависни од кофеин, откако ќе престанат да пијат кафе влегуваат во апстиненцијална криза(лошо се чувствуваат, главоболки, поспани се,крвниот притисок се намалува,губат концентрација…)
Но, штом пијат повторно кофеин, симптомите се враќаат во нормала. Е, сега повеќе научни истражувања покажуваат дека умствените- (мозочните) и физичките активности може да бидат зголемени при земање кофеин, бидејќи се повлекува енергија од сите депоа на телото, така што во останатите делови на телото се јавува недостаток на виталната енергија. Но, доколку не се зема кофеин, мислам ако никогаш некој не земал кофеински пијалок, овие способности не би биле намалени, туку нормални бидејќи во нашето тело има супстанци кои ни даваат енергија и без кофеин.

Сега малку за
НОВИТЕ СОЗНАНИЈА ЗА КОФЕИНСКИТЕ ПИЈАЛОЦИ
Околу 80 билки содржат кофеин. Билките ко користат кофеинот за одбрана од инсекти, кои штом дојдат во допир најчесто се парализираат или умираат. Некои тврдат дека кофеинот од телото се лачи после неколку часа, нема научна подлога. Но, точно е дека се излачува само околу 1% нвели Др.Чернински-клиnички нутриционист од УСА во својата книга “Кофеин блуз” Остатокот од 99% телото мора добро да се намачи да го детоксифицира. Од 3-12 часа му треба на телото да детоксифицира 120мг шолја кафе. Но 20мг кофеин, без тешкотии телото може да се избори.
Знаете, погрешно е да се каже дека некои болести не се врзани со кофеин. Зошто, ке ви објаснам.. Бидејќи кофеинот го поттикнува лачењето на адреналин(хормонот на стрес) тој веднаш ја повлекува постоечката енергија од организмот кон мозокот. Тогаш нивото на адреналин се зголемува за околу 200% од само 120 мг кофеин!
И тоа предизвикува стрес, во некој случај кога на примeр кога ви прети некоја опасност доста корисен.
Значи, сакам да ви кажам дека со секојдневно земање кофеински пијалоци, си предизвикуваме стрес во организмот. Значи, стално го креваме нивото на адреналин, тогаш сме енергетски исцрпени а воопшто не го приметуваме тоа. И сега..внимателно читајте…Стресот кој го предизвикуваме на овој начин ЧЕСТО води до скок на шеќер и маснотии во крвта, а последицата е истите се таложат во крвните садови. Ова пак све, има влијание на системот за варење, вели во книгата Др. Черински. Понатаму сабалјечкото кафе без да пиете вода пред тоа, ке повлече доста вода од вачиот организам. Знаете веќе дека е диуретик. Внимавајте да не го доведете вашето тело во дехидратација. Конзумирањето на кофеин во некои случаи и во мали дози може да ја забави апсорбцијата на калциум и магнезиум.
Мислам дека ви е доволно, Ви посакувам новите дружби “на кафе” да ги уживате попаметно и се разбира во убаво друштво. На здравје !
Вашиот everyday нутрициоист
РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА колку кофеин има по мг
Турско кафе 1 шоља – 115 мг
Еспресо – 100мг
Ладен чај – 70мг
Чоколадо за готвење – 50мг
Таблета кафетин – 50мг
Енергетски пијалок – 80мг
Црн чај – 47мг
Зелен чај – 36мг
Бел чај – 24мг
Кафе без кофеин – 08мг
May be an image of text
Новости

Едукативен семинар/БИОРЕЗОНАНСА-ЕНИГМА И ПРЕДИЗВИК-Подобрување на здравјето преку фреквенции

Проф.Др. /Биоинформатика Славчо Тошев и Phd.Кандидат,Лекар по холистичка и енергетска медицина Васиа Трпеновска од Центарот за холистичка медицина Скопје го отворија едукативниот семинар на тема

Read More »
Новости

ПРОЛЕТ Е ВРЕМЕ ЗА ДЕТОКС!

Како можам да го детоксирам моето тело? За нас е вообичаено пролетно да си ги чистиме домовите, очигледно на пролет, но кога минатата пролет го

Read More »
Новости

Холиомедика Интервју МРТ1

МРТ1 во посета на Холиомедика, каде беше гостин Проф. Др. Славчо Тошев и говореше за NLS биорезонантен систем со нелинеарна анализа, кој се базира на

Read More »

Споделете :