На 23 Март 2023 година се одржа едукативен форум на тема Здравјето на жената во менопауза организиран од Lions Clubs International District 132 Скопје, на кој присуствуваа Доктори и Професори експерти од полето на Кардиологија, Гинекологија и Исхрана. Проф. Др.Елизабета Србиновска Костовска зборуваше за кардиоваскуларните заболувања со кои се соочуваат жените во менопауза, како и превенција на истите. Во вториот дел Др. Никола Личовски зборуваше за Гинеколошките и хормонски промени, терапија и превенција и Лекар по природна медицина и нутриционист Васиа Трпеновска зборуваше за исхраната на жените во менопауза, хормонските промени и како тие влијаат на здравјето во менопауза воедно и правилна исхрана во превенција на можните промени во здравјето на жените во менопауза. Форумот вклучуваше и многу прашања на кои експертите стручно одговорија. Едукацијата за исхрана,превенција, третирање и лекување на разни заболувања, ќе продолжи во иднина. Следете ја нашата страница да бидете во тек на сите активности на Холиомедика. За сите ваши прашања на оваа тема контактирајте или закажете термин на +38978884333 и =+38978339070, [email protected]к