ДЕЦА И НИВНИТЕ НАВИКИ ВО ИСХРАНА

deca

Многу е важно каква метална и емотивна навика родителите ќе создадат, со таа навика и ќе пораснеме. Дали од тие навики ќе се развие почит, љубов, самосталност или навики од кои ќе произлезе страв,болка, љубомора или окривување зависи од начинот на кој нашите родители ќе го вградат во текот на нашето растење. Родителите понекогаш или ќесто, во добра намера грешат. Не е страшно понекогаш да се греши, но ако односот на родителот према детето е секогаш негативен,тие родители ги оштетуваат своите деца. Во најчести случаи наследните особини се пренесуваат од колено на колено. Детето е беспомошно и ќе ависи од родителите во секој поглед. Кога човекот ќе порасне, неможе да го окривува родителот за своите пропусти. Вашата одговорност е сега кога сте возрасни, да пробате да ги намалите и исправите грешките. Не е важно со која брзина, но треба да се почне. Францускиот мислител Русо говореше во XVIII век дека детето е чисто, некорумпирано, но се влошува преку контакти со возрасните. Во добар дел бил во право. Американскиот психолог Вотсон мисли дека детето е онакво какво родителите ќе го направат. Тој тврди дека во првите 3 години воспитувањето на детето е најзначајно. Современата психологија ја прифати неговата филозофија. Децата го гледаат однесувањето во своето опкружување и просто тоа го впиваат во својот мал ум. Темелните однесувања, ставови и верувања кои ги забележуваме во семејството и фамилијата остануваат вкоренети како синаптички патишта во нашиот поствесен ум. Кога тоа ќе се програмира во нашата потсвест, во најголем број на случаи ја кконтролира нашата биологија и однос према се, па и храната, до крај на животот. Детскиот ум све впива. Во мозокот на аксионите (израстоци на почетокот на мамбраната на нервната клетка) се создаваат нодули на кои се бележат сите навики, и добри и лоши и ако често се повторуваат, тие се вцврстуваат таму и тешко е да се ослободиме од нив понатаму во животот. Најголемиот број навики ги создаваме во детството. Најважниот период за создавање навики е до 7 година од животот, особено кога е во прашање исхраната. До тогаш, детските камери све снимиле, вметнале во меморија и од тогаш започнува репродукцијата на снименото, навиките се формирани.

ДЕБЕЛИНА КАЈ ДЕЦА ОД ШКОЛСКА ВОЗРАСТ
Начинот на исхрана и отсуството на здрави стилови на живот веќе станува епидемија. кај децата и младите.
Во оние делови на светот каде најчесто се конзумира природна храна, присуството на вишок килограми кај децата и младите е неприметно. ( Кина, Индија, Јапан и Афричките земји)
Децата и младите кои имаат вишок килограми, кога ќе бидат возрасни ќе имаат голем број на здравствени проблеми. Скоро неизбежно е дека ќе оболуваат од болести на шеќер, артериосклероза, проблеми со зглобови и кичма, дишни органи,потенција, движење,плодност,правилна работа на срцето и бубрезите,имуниотсистем, меморија, може да бидат анксиозни, депресивни…
Најчестите причини за вишок на килограми кај децата се претерано конзимирање на храна, лошо комбинирање на хранливи состојки, преработена и брза храна, недостаток на физичка активност и вежбање, некои видови на лекови како хормонски,..и многу важно-недоволно квалитетен сон.

КАКО ДА ЈА ИЗБЕГНЕМЕ ДЕБЕЛИНАТА КАЈ ДЕЦАТА?
Најдобар и најсигурен начин е да се земаат квалитетни и здрави производи во исхраната!

ДОБРА ХРАНА
Зеленчук од сите видови, овошје, интегрални житарки, мешунки,протеини од животинско потекло, комбинирани со доста салата и зеленчук со мала количина на јаглени хидрати во истиот оброк. Лоша комбинација за добивање тежина кај децата и младите е комбинирање на јаглени хидрати( леб, компир, ориз) со протеини од животинско потекло( месо, преработки од месо, млеко, млечни производи, сите видови на тврди сирења).. Една од опасностите за добивање вишок килограми е слатки после обилен оброк од месо ( торти, колачи, чоколада, овошје, пијалоци со многу шеќер)

ЛОША ХРАНА
Треба да се избегнува храна како што се скоро сите пекарски производи ( освен интегрални) , индустриски производи со адитиви , сите производи кои содржат вештачки засладувачи (аспартам,ацесулфан-калиум…) сувомеснати производи (освен меса сушени на воздух), многу масни меса, индустриски мајонези,сосови и пасти, смрзнати производи од тесто, бел леб, сол во поголеми количини од 4-5 грама дневно, сите газирани пијалоци,сокови со многу шеќер, маргарини и останати транс масти, пржена и похована храна (помфрит, хамбургери,крофни), бел ориз и за возрасните алкохол не. Содржината на хранливи материи во овие производи е многу мал, а некои и го загрозуваат здравјето на децата.
Посебно е загрижувачко производи со рафиниран шеќер и вештачки додатоци какоиндустриски сладоледи, торти и колачи, пудинзи, чоколади, чоко кремови, грицки слатки или солени, еурокремови, џемови, ајвари и сл. Голема количина на шеќер се разложува во гликоза, но кога клетките ќе добијат доволно, вичокот се претвора во масти. Од тука се добива вишок на телесна тежина,
Секојдневно вежбање и физичка активност од најмалку 1 час е најдобар начин за секое дете да одржи здраво тело и нормална тежина. Внесување доволно вода и доволно сон се исто така многу важни.

Новости

МАГНЕЗИУМ И КОИ ФОРМИ ДА ГИ ЗЕМАТЕ

Помислете на магнезиумот како минерал за релаксација. ⠀⁣ ⠀⁣ Мора да имате магнезиум за вашите клетки да создаваат енергија, да работат многу различни хемиски пумпи,

Read More »
Новости

ЦВЕКЛО ВО ПОМОШ ЗА КАШЛИЦА!

ЦВЕКЛО ВО ПОМОШ ЗА КАШЛИЦА! Рецепти/ сокови за намалување на кашлица Цвеклото има многу придобивки познати за нас Коренскиот зеленчук помага во зајакнување на нашиот

Read More »
Новости

ЧАЕВИ ЗА ДЕТОКС

РОИБОС e традиционален јужноафрикански хербален пијалок богат со уникатни полифенолни антиоксиданси. Тие можат да го подобрат статусот на редокс на глутатион и вашата способност да

Read More »

Споделете :