- Пон.-Петок 08:00h-16:00h
- +38978 339-070
- +38978 884-333
- ул.11-ти Октомври бр.17, Скопје
Апаратот претставува биоинформатичен систем со не-линеарна анализа (NLS уред). Тој се базира на принципите на квантната физика чии основоположници се добитниците на Нобеловата награда за физика; Макс Планкт и Алфред Ајнштајн, а техничкото решение е креирано од Никола Тесла. Овие автори докажаа дека се во светот осцилира и има своја фреквенција на осцилирање. Аналогно на тоа секоја здрава клетка во организмот има своја идеална фреквенција на осцилирање. Кога постојат стресни и други неповолни фактори за организмот, фреквенцијата на осцилирањето на клетките се менува, со тоа се врши промена и на комуникационата способност меѓу нив и се развива болест.
Овие податоци овозможиле да се развие Нелинеарната системска анализа која има неколку постулати:
Рускиот Академик Светослав Павлович Несторов во 1988 година ги конструирал тригер сензорите кои претставуваат електронски уреди кои ги засилуваат овие бранови и претвораат во сигнал кој може компјутерски да се обработува.
Во последните 30 години направени се поголем број на софтвери кои сигналот од испитаниот човек го споредуваат со илјадниците податоци на фреквенција од осцилирањето на клетки, органи и ткива на здрави луѓе и болни од најразличми болести кои се сместени во меморијата на компјутерот.
Моќниот Софтвер со уредот Physiospect користи информации од 125 000 мерни точки за енергетската состојба на организмот, во неговата меморија има слики на 1432 органи и ткива, 4025 информации за енергетската состојба на организмот кај болни и здрави луѓе кои се компарираат со добиениот наод и 13 933 информации за процеси кои се случуваат во нашето тело и енергетски вредности на препарати кои се користат за лекување.
Техниката ги испитува следните органи и ткива:
Добиените резултати ги прикажуваат органите и ткивата во 6 енергетски нивоа:
Снимањето трае петнаесетина минути, а приближно толку и обработката на податоците. За време на снимањето пациентот треба да е удобно сместен во фотеља, релаксиран, одморен,да не конзумирал храна 3 часа пред снимањето, да ги нема прекрстено рацете и нозете и да нема метални предмети на и во себе (импланти, прстени, обетки) и др.
Снимањето се изведува преку слушалки кои се поставуваат на ушите безболно.
Добиените податоци се обработуваат на 3 начини и тоа:
Сензитивноста (осетливоста) за детекција на патолошка состојба се движи од 83-95% и корелира со другите техники.
Нејзината предност е што може да укаже на претклиничката форма на болест каде постои намален,односно ослабен регулаторен механизам, но нема клинички манифестации на болест и значајни патолошки промени во ткивата и органите.
Другите техники, како ехото,компјутеризираната томографија и магнетна резонанца оваа состојба не може да ја детектираат.
Заради примнципот на работата кој значајно се разликува од работата во класичната медицина каде постои,преглед, скапи дијагностички апарати (ехо, компјутеризирана томографија, магнетна резонанца) и долготрајна и скапа претходна едукација некои лекари оваа техника ја сметаат за гранка на алтернативна медицина, а други за пристап, дијагностика и метода на иднината.
Имајќи во предвид дека оваа метода комерцијално се применува релативно кратко(во последно десетолетие), сеуште треба време да се стекне подолготрајно клиничко искуство.
Сепак, во денешни услови таа е идеална, ефтина, неинвазивна и брза техника која дава информации за општата здравствена состојба и посочува каде треба да се направат дополнителни следувања со класичните медицински техники-ехо,компјутеризирана томографија и магнетна резонанца.
Таа може да направи и добра контрола на веќе докажаните хронични болести, бидејќи овозможува шестостепена компарација на претходните состојби што другите техники не можат да ја направат.
Искрено верувам дека е прашање на време кога во иднина, општиот преглед ќе биде заменет со целосен преглед со новите генерации на овие таканаречени “brain machine” . а потоа лекарите ќе се фокусираат на веќе детектираните патолошки состојби.
Проф. Др. С. Тошев