NLS Non Linear System

Биоинформатичен уред со не-линеарна анализа

Апаратот претставува биоинформатичен систем со не-линеарна анализа (NLS  уред). Тој се базира на принципите на квантната физика чии основоположници се добитниците на Нобеловата награда за физика; Макс Планкт и Алфред Ајнштајн, а техничкото решение е креирано од Никола Тесла. Овие автори докажаа дека се во светот осцилира и има своја фреквенција на осцилирање. Аналогно на тоа секоја здрава клетка во организмот има своја идеална фреквенција на осцилирање. Кога постојат стресни и други неповолни фактори за организмот, фреквенцијата на осцилирањето на клетките се менува, со тоа се врши промена и на комуникационата способност меѓу нив и се развива болест.

 

Овие податоци овозможиле да се развие Нелинеарната системска анализа која има неколку постулати:

  1. Покрај анатомско-морфолошката структура на организмот што ја гледаме и со голо око постои таканаречен “електромагнетен костур на човекот “ преку кои се движат електромагнетните бранови со кое секој човек има сопствено електромагнетно поле, а организмот ги регулира функциите покрај со класичната  и со “ БРАНОВА ХОМЕОСТАЗА     “
  2. Со оваа техника дава научно објаснување на традиционалните кинески и индиски начини на дијагноза и лекување ;акупунктура, ајурведа,чакра,аура, ирисологија
  3. Местата каде се преклопуваат електромагнетните бранови во традиционалната кинеска медицина се нарекуваат “акупунктурни точки“
  4. Информациите за состојбата на сите органи и ткива се пренесуваат во десната хемисвера на мозокот, а човекот не е свесен за нивното постоење. Во мозочната активност тие влегуваат во групата на тета-бранови.

Рускиот Академик Светослав Павлович Несторов во 1988 година ги конструирал тригер сензорите кои претставуваат електронски уреди кои ги засилуваат овие бранови и претвораат во сигнал кој може компјутерски да се обработува.

Во последните 30 години направени се поголем број на софтвери кои сигналот од испитаниот човек го споредуваат со илјадниците податоци на фреквенција од осцилирањето на клетки, органи и ткива на здрави луѓе и болни од најразличми болести кои се сместени во меморијата на компјутерот.

Моќниот Софтвер со уредот Physiospect користи информации од 125 000 мерни точки за енергетската состојба на организмот, во неговата меморија има слики на 1432 органи и ткива, 4025 информации за енергетската состојба на организмот кај болни и здрави луѓе кои се компарираат со добиениот наод и 13 933 информации за процеси кои се случуваат во нашето тело и енергетски вредности на препарати кои се користат за лекување.

 

Техниката ги испитува следните органи и ткива:

  • Коскено-скелетен систем-коски, зглобови,сврзно ткиво, мускули и др.
  • Васкуларен систем-срце, крвни садови, вени, капилари и др.
  • Нервен систем-мозок, рбетен мозок, хипофиза,периферни нерви и др.
  • Урогенитален систем- бубрези, мочен меур, простата(мажи), јајници, овариум (жени)
  • Респираторен систем- бели дробови, трахеа, бронхи и др.
  • Дигестивен систем- желудник, езофагус, тенко и дебело црево и др.
  • Ендокрин систем-тироидеа, панкреас,надбубрежна жлезда и др.
  • Лимфен систем-групи и поединечни лимфни жлезди
  • Крв – еритроцити,леукоцити со нејзини деривати, тромбоцити и др.

Добиените резултати ги прикажуваат органите и ткивата во 6 енергетски нивоа:

  1. Латентна динамична активност орган во хипофункција, но не од болест
  2. Ниво на оптимална функција- здрав орган или ткиво
  3. Функционална компензација со напор – органот е здрав, но при работа е повеќе оптоварен од вообичаено
  4. Ослабен регулаторен механизам – предклиничка форма на болест која може да трае и со години пред таа да почне клинички да се манбифестира
  5. Компензиран облик на адапционен механизам- пациентот има болест, најчесто од хроничен карактер која е контролирана
  6. Декомпензиран облик на адапционен механизам- манифестна болест

Снимањето трае петнаесетина минути, а приближно толку и обработката на податоците. За време на снимањето пациентот треба да е удобно сместен во фотеља, релаксиран, одморен,да не конзумирал храна 3 часа пред снимањето, да ги нема прекрстено рацете и нозете и  да нема метални предмети на и во себе (импланти, прстени, обетки) и др.

 

Снимањето се изведува преку слушалки кои се поставуваат на ушите безболно.

Добиените податоци се обработуваат на 3 начини и тоа:

  1. Топикална анализа- покажува кои системи и органи имаат влошена функција
  2. Ентрописка анализа претставува компаративна анализа на резултатите од пациентот споредена со податоците сместени вио базата на компјутерот. Оваа анализа се прави кај оние пациенти кои на топикалната анализа покажува влошена функција на соодветниот орган или ткиво.
  3. Нелинеарна анализа- претставува двојна контрола на ентропискатса анализа со која се потврдуваат претходно добиените резултати.

Сензитивноста (осетливоста) за детекција на патолошка состојба се движи од 83-95% и корелира со другите техники.

Нејзината предност е што може да укаже на претклиничката форма на болест каде постои намален,односно ослабен регулаторен механизам, но нема клинички манифестации на болест и значајни патолошки промени во ткивата и органите.

Другите техники, како ехото,компјутеризираната томографија и магнетна резонанца оваа состојба не може да ја детектираат.

Заради примнципот на работата кој значајно се разликува од работата во класичната медицина каде постои,преглед, скапи дијагностички апарати (ехо, компјутеризирана томографија, магнетна резонанца) и долготрајна и скапа претходна едукација некои лекари оваа техника ја сметаат за гранка на алтернативна медицина, а други за пристап, дијагностика и метода на иднината.

Имајќи во  предвид дека оваа метода комерцијално се применува релативно кратко(во последно десетолетие), сеуште треба време да се стекне подолготрајно клиничко искуство.

Сепак, во денешни услови таа е идеална, ефтина, неинвазивна и брза техника која дава информации за општата здравствена состојба и посочува каде треба да се направат дополнителни следувања со класичните медицински техники-ехо,компјутеризирана томографија и магнетна резонанца.

Таа може да направи и добра контрола на веќе докажаните хронични болести, бидејќи овозможува шестостепена компарација на претходните состојби што другите техники не можат да ја направат.

Искрено верувам дека е прашање на време кога во иднина, општиот преглед ќе биде заменет со целосен преглед со новите генерации на овие таканаречени “brain machine” . а потоа лекарите ќе се фокусираат на веќе детектираните патолошки состојби.

 

Проф. Др. С. Тошев